Започнете ја работната недела со насмевка, шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“
Понеделник е резервиран за афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков – „Коки“ којшто секогаш има иста цел, да Ви ја прикаже реалната слика на животот и да измами насмевка на вашето лице. Уживајте во новите шест афоризми на Коки.
-Девојки, не правете селекција меѓу чувствителните и емотивните, искрените и внимателните, шармантните и страствените момчиња, ќе останете немажени.
-Постојат непријатни случки што многу често ни се повторуваат во креветот за кои не можеме да ја обвинуваме владата.
-Некои се паметни кога зборуваат, некои кога молчат, на други пак, не им помага ниту едното, ниту другото.
-Многу жени ја изгубиле својата мерка, освен онаа што им ја покажува вагата.
-Голема среќа за луѓето е што постојат гумички за бришење на сексуални грешки.
-На некои спортистки повеќе им се исплатува кога мавтаат со опашката , отколку со дипломата.
Афористичар
Никола Бошков – Коки