ОО на СДСМ Велес бара Љутков прецизно да одговори на вчера поставените прашања

Објавено на 11 октомври, 2021 во 16:07

И денеска Општинската организација на СДСМ побара од Зоран Љутков ,носител на Листа на советници на ВМРО ДПМНЕ за Општина Велес да одговорел конкретно на поставените прашања од вчера. Во нивното соопштение за јавност пишува:

„Околу кариерата на Љутков, народот особено ја памти неговата улога во серијалот ГДОМ каде што беседеше и го величеше режимот на Груевски. Таа улога ќе остане незаборавена. Улога за величење на режим од кој и денеска се чувствуваат последици.

 Меѓутоа, Љутков избегна да одговори на поставените прашања. 

• Дали е точно дека од 2008 година има живеалиште во Скопје?

• Точно ли е дека од 2008 година, и личната карта му е “скопска”, за на 03.09.2021 да стане “велешка”, само за да може да бидете носител на Советничката листа на ДПМНЕ?

• Точно ли е дека дури и колата која ја вози е со “скопски” регистарски таблички?

Ако ова е вистина, дали чувствува грижа на совест затоа што дрско ја манипулира велешката јавност. Затоа најдобро е Тој да одговори на поставените прашања. Времето на замајување на граѓаните помина. Во спротивно ќе значи дека сето ова кое го поставивме до Зоран Љутков во форма на прашања, е вистина.“ напишаа од СДСМ.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.