Китев: „Време е да го промениме ова сивило“!
Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од „Сојузот за иднината“, Бетиан Китев на завршната прес конференција упати повик до сите свои сограѓани масовно да гласале за него и советничката листа на Сојузот, за како што рече, да се променело секојдневното сивило и безперспективност.
„Ве лажеле, ве манипулирале, ве злоупотребиле и понижиле и ја искористиле вашата доверба, кој еднаш, кој два пати. Ве потцениле и помислиле дека можат да ве купуваат со ситни пари и вреќа брашно. Насекаде околу нас гледаме сивило. Никаква перспектива. Институциите метастазирани од ДПМНЕ кои преку секакви најразлични иновативни форми како хиени само влечат од она што преостанало за да преживееме. Се што понуидија беа само реклами“ рече Китев и нагласи дека селата од општина Кавадарци пропаднале во жива кал. Граѓаните добиле само невидена мизерија, ароганција, дрскост, нечовечност и мегаломански фикции.
„Од искона Ваташа е симбоил на тиквешкиот и македонскиот непокор. Ја поканувам Ваташа повторно да докаже дека е расадник на демократијата во борбата проитив политичката тиранија. Нудимке реална, издржана програма, нудиме чесност, одговорност и транспарентност. Лозарите ќе имаат свој лидер, лично градоначалникот ќе се залага за нивните интереси. Има да се плати трудот и никогаш повеќе нема да бидат манипулирани.“ рече Китев и упати покана до кавадарчани да ја даделе поршката за него, како способен, енергичен и стабилен човек./ А.Д
