МОСТ на прес конференција со информации за неправилности во гласањето во Кавадарци и Велес!
Во општина Кавадарци, на гласачкото место со број 0674, дошло до прекин на гласањето бидејќи било регистрирано оштетување на гласачките ливчиња.
„Во општина Кавадарци, гласач е фатен како го слика гласачкото ливче, при што и двете ливчиња му се одземени од страна на изборниот одбор, исто така одземена му е и личната карта и повикана е полиција. Гласањето продолжило“,рече извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов.
На гласачко место 2158 во општина Велес, гласањето било во прекин 35 минути поради забелешката на претставник на политичка партија дека недостасува гласачко ливче. Изборниот одбор утврдил дека се е во ред со гласачките ливчиња по што гласањето продолжило.
Инаку до новинарите стигна информација дека на избирачко место 2173 бил откриен граѓанин кој се обидел да пушти две ливчиња во една кутија. Претходно бил откриен гласач кој го фотографирал ливчето. И двата случаи биле пријавени во Општинската изборна комисија чии преставници отишле на избирачкото место.
„Членови на комисијата се на лице место, немам официјални информации. Да почекаме да се вратат,“ рече претседателката на ОИК на Велес, Емилија Андонова.
