Минов: „Јас во вториот круг ќе гласам за Бетиан Китев“
Независниот кандидат за градоначалник на Кавадарци, Панчо Минов во првиот изборен круг освои околу 5.000 гласови. Денеска тој на прес конференција се изјасни дека во недела на 7 ми април ќе гласал за кандидатот на опозицијата Бетиан Китев.
„Моите лични очекувања и општо расположението во изборната кампања беше многу поголемо со извесност за повисок гласачки резултат, но мислам дека знаете и самите и причините се општо познати зошто тоа не се случи. Од секогаш сум убеден дека граѓаните никогаш не грешат. Бидејќи во целокупната изборна кампња и во целокупното дејствување и мојата изборна програма беше за промена на локалната власт, јас Панчо Минов си го задржувам својот опозиционен статус и во вториот круг на гласањето на 7 ми април ќе гласам за кандидатот на опозицијата Бетан Китев. Бидејќи од секогаш се залагаме за демократија и слобода, оставаме на нашите гласачи да се одлучат за кого ќе го дадат својот глас во вториот круг.Тие 5000 граѓани верувајќи во мене го дале гласот за мене, јас пак сега верувам во нив дека тие истите граѓани сега во вториот круг ќе го направат вистински избор и ќе го дадат гласот за вистинскиот кандидат за градоначалник“ рече Минов и им се заблагодари на кавадарчани што гласале за него.
Смета дека неговата независна кандидатура подржана од 5.000 граѓани во првиот круг е најдобар резултат во Република Македонија. Тоа му дало подршка да продолжи и понатаму да ги застапува интересите на свотие сограѓани. / А.Д
