Китев: „Предизборните ветувања оставија без вода дел од тиквешкото поле“!

Објавено на 4 април, 2013 во 15:40

Кандидатот за градоначалник на опозицијата Бетиан Китев одржа прес конференција во атарот на селото Брушани, во непосредна близина на Тиквешкото Езеро. Ја критикуваше власта дека иако во повеќе наврати ветувала изградба на пумпна станица и наводнување на тој дел од тиквешкото поле, никогаш ветеното не го остварила.

„Од сегашните a и од некогашните жители на погоре споменатите села се одземени голем дел на земјоделски површини поради место положбата на која се наоѓале а сега се поплавени од водите на Тиквешкото езеро, но за жал, од тие води преостанатите нивни површини до сега не виделе ни капка вода или народски кажано баш тие луѓе кој потекнуваат од овие две села а нивните земјоделски површини се околу Тиквешкото Езеро со години наназад жедни поминуваат преку вода.  Кога сме тука покрај лозовите насади со должна почит кон овие земјоделци морам да напоменам дека низ целата територија на Република Македонија со воодушевување се зборува за квалитетот на грозјето кое доаѓа точно од овој атар, но за жал до ден денешен никој од надлежните си нема дадено за обврска пред себе и пред луѓето кој стопанисуваат на овој дел од општината дека на само  неколку стотици метри од нивните земјоделски поршини или поточно речено од нивните лозја се наоѓа вештачката акумулација Тиквешко Езеро, и со една не така голема инвестиција или со скратување на едно тениско игралиште или пак еден од спомениците да е малку помал овие лозја ќе бидат прочуени не само по квалитет туку и по квантитет “ рече Китев и потсети дека многумина ветувале пумпни станици на ова место од каде понатаму по слободен пат ќе пристигала водата до лозовите насади на жителите на Брушани, Ресава а и на добар дел и на жителите на Кавадарци, но, како што потенцира ветувањата за  биле само предизборни.

„Ни во еден случај не смеам и не сакам а да не споменам дека годините зад нас имаа пеколни лета, и токму таквите пеколни температури ги пренудија лозаро производителите од овој атар да посегнат по цевководот кој носи технолошка вода до Фени Индустри, што значи имаше доста случаеви каде што беше издупчен тој цевковод а се со цел за да се спасат лозовите насади од пеколните температури.   Деновиве низ тиквешкиот регион продефилираа многумина министри од владата на Република Македонија; во посета ни дојде заменик министерот за земјоделие, министерот за труд и социјала а како шлаг и самиот премиер на владата на Република Македонија. Едниот разговараше со жителите на тиквешкиот регион за дадените субвенции од страната на владата на Република Македонија токму за одржавка на лозовите насади, а јас ќе му порачам на заменик министерот за земјоделие дека субвенциите за одржавка на лозовите насади се во ред, но летните пеколни темепратури бараат вода господине заменик министре, во спротивно субвенциите заедно со потта на лозаро произведителот испаруваат за миг. Министерот за труд и социјала сечеше ленти а ни во еден момент не се сети дека во Република Македонија најголеми социјалци се токму земјоделците, од еден основ со пеколните темератури кој не следат неколку години наназад а друг основ неисплатената нивна мака пак неколку години наназад.

А вас господине премиере ми останува да ви порачам – точно дека на младите ни се потребни спортски терени, спортски сали но точно е и тоа дека нашите родители обработувајќи ги лозовите насади кој не се под систем за наводнување едвај се снаоѓаат да ни купат по еден пар патики во годината а со тие исти патки ние во спортските сали немаме пристап бидејќи со истите патуваме од домовите до училишните установи“ рече Китев./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.