Иванов од Велес: Новии инвестиции и нови работни места за младите да останат во Велес
Во животот ме водеа три принципи, искреност, чесност и трудољубивост. И по пет години со истите тие принципи стојам исправен пред вас. Бев вреден, работев чесно за благосостојбата на моите сограѓани. Пропатував низ светот но никогаш не го заборавив мојот народ, рече на денешниот митинг во Велес, кандидатот за претседател на од коалицијата За подобра Македонија Горѓе Иванов. Тој истакна дека честопати доаѓал во Велес за да ги поддржи иницијативите на градоначалникот, на пратениците, на невладините организации за подобра иднина на велешани во здрава чиста околина. Со чист образ како што рече Иванов ја побара поддршката од велешани.
„Во овие пет години потрошив многу енергија за предизвикот со кој се соочува Македонија од првиот ден на независност. За едно наметнато прашање околу разликата за нашето име. Нашиот јужен сосед цели 20 години не уценува и бара од нас да се откажеме од нашиот идентитет. Како претседател ниту сум прифатил ниту мислам да прифатам да се промени Уставот на Р.Македонија, ниту ке прифатам да с епромени уставното име на Македонија. Ниту ќе прифатам идеи кои би го загрозиле националниот идентите, посебноста, историјата и културата на нашата земја, рече Иванов, кандидат за претседател на Р.Македонија.
Иванов подвлече дека Македонија ќе продолжи со реформите и просперитетот на економијата во земјава. Тој призна дека најголем проблем за велешани е невработеноста но исто така вети дека состојбата ќе се подобри.
„Многу луѓе барајќи работа ја напуштаа Македонија, го напуштаа Велес, но состојбата се менува. Работеејќи како тим со Владата, со министерствата и со сите одговорни субјекти во Македонија се отворија 120 илјади нови работни места, а до крајот на годинава се очекува да се отворат уште 10 илјади работни места, рече Иванов.
Функцијата на еден претседател е огледало на напредокот, интегритетот и суверенитетот на една држава, рече заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Владимир Пешевски, и подвлече дека и во иднина како и досега ќе соработува со Иванов.
„Историјата ни покажала дека сите големи претседатели се запомнети по нивните лидерски способности, по љубовта кон татковината и својот народ, по достоинството кое го поседувале и по делата кои ги оставиле зад себе, рече Пешевски, вицепремиер.
Барајќи ја по втор пат поддршката од велешани Иванов ги потсети за новоотворената фабрика во Кавадарци во која досега се вработија шестотини велешани, а до крајот на годината уште четиристотини, како и за новата индустриска зона во Караслари во која се очекуваат странски инвестиции и нови работни места./Д.С
