Кандидатите за пратеници на ВМРО ДПМНЕ на средба со велешките пензионери
Зголемување на пензиите за над 20 проценти, продолжување на бањското лекување, бесплатен туристички викенд и уште многу други проекти на Владата денеска им ветија на велешките пензионери, кандидатите за пратеници од ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски и Ѓорѓи Коџобашиев.
Двајцата пратеници истакнаа дека и во иднина Владата предводена од ДПМНЕ ќе се грижи за оваа категорија на граѓани. „Ќе разговараме за проектите кои се однесуваат за пензионерите кои Владата ги планира во наредните четири години, но секако и за социјалната и здравствената политика, бидејќи знаеме дека пензионерите имаат и семејства, рече Илија Димовски.
„Мерките што досега ги спроведе Владата во голема мера го подобри животот на пензионерите. Освен тие досега што ги уживаат, пензионерите во иднина ќе имаат и бесплатен превоз во железничкиот сообраќај, рече Коџобашиев.
Според Димовски и Коџобашиев, пензионерите се задоволни од досегашните мерки и проекти што Владата ги спроведе за нив. Потенцираа дека пензиите досега биле зголемени за 62 проценти, пензионерите добиле бесплатен превоз но и над три илјади лекови со пониски цени./Д.С