Иванов: Во секторот образование се сменија неколку министри но ниту еден не ги заврши поголемите проекти кои ги започнаа

Објавено на 24 април, 2014 во 13:00

„Никој од нив не работеше за интеграција на образованието во земјава. Образованието денеска е целосно партизирано и служи исклучиво за партиски вработувања,“ рече Панче Иванов од СДСМ.

Според Иванов, ефектот од проектите за кои се трошеа огромни финансиски средства е минимален, а за тоа пример се фрлените 68 милиони евра за проектот компјутер за секое дете. Иванов посочи дека македонските наставници и професори заслужуваат подобри услови за работа а учениците комплетен развој во образованието.

„Нашата прогара во делот на образованието подразбира целосна реформа на предучилишното и средното образование, а основен критериум при донесувањето на одлуки за подобрување на образованието ќе биде квалитетот. Тоа подразбира добри услови за учење и работа, мотивиран кадар и квалитетни програми, рече Иванов.

Зголемување на буџетските средсва, мотивација наместо казни, подобрување на студентскиот стандард се само дел од мерките и проектите во новата изборна програма на опозицијата.

„Повеќе пари за образованието и науката. за нас образованието е нјаисплатливо. До крајот на мандатот ќе го зголемиме буџетот за образование до 4,5 односно 5 проценти од бруто домашниот производ. Инвестициите во образованието ќе ги зголемуваме и со јавни приватни партнерства. Ќе работиме на мотивација на наставниот кадар, ќе го укинеме екстерното тестирање што побуди најмногу револт кај професорите и учениците, рече Иванов.

Од СДСМ се надеваат дека новите мерки ќе го подобрат образовниот процес во земјава.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.