Реакција на ВМРО ДМННЕ на прес конференцијата на СДСМ
Во времето кога СДСМ беше на власт платата на просветните работници изнесуваше 12.000 денари. Поголемо омаловажување од тоа не постои. Денес, кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт платите во образованието се движат во просек од околу 21.000 денари, или за 60 проценти повеќе од времето на СДСМ“ напиша во реакцијата Центарот за комуникации на ОК ВМРО ДПМНЕ во Велес.
Му се заблагодарија на Иванов што ги набројал сите проекти на ВМРО-ДПМНЕ во образованието, како што се реконструираните и современи лабаротории, компјутер за секое дете, превод на стручната литератрура и стипендии за студентите и ученциците, и потсетија дека додека СДСМ бил на власт, студентите учеле од литература која во значаен дел била на српско-хрватски јазик.
„Да потсетиме дека благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ високото образование со дисперзирањето на студиите и намалувањето на партиципациите, стана достапно како никогаш досега. Како резултат на овие мерки во Велес се отвори Технолошко-техничкиот факултет и неколку други дисперзирани студии на кои што своето образование го оформуваат околу 2.000 студенти од нашиот град. За жал, имајќи ги во предвид сите овие позитивни моменти, СДСМ ги нарекуваше таквите факултети како селски, паланечки и неквалитетни. Што се однесува на проектите кои и денес беа набројани од страна на СДСМ, истите претставуваат само декларативни заложби без соодветно образложение за нивната реализација, финансиска конструкција и рокови на исполнување“ стои во реакцијата на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.