СДСМ: „Лозарите се украдени со дозвола на власта“
„Лозарите парите од грозјето ќе ги добијат единствено по смена на оваа власт. Само тогаш ќе се почитуваат законите кои што се децидни. Законот за земјоделство вели дека исплатата на грозјето мора да биде најдоцна 90 дена по откупот. Тоа е договр со откупупувачот со винаријата, во спротивно државата реагира со механизмите кои што ги има. Ако тој го нема платено грозјето до април, тоа значи дека не смее да добие лиценца за да откупи нова реколта. Фактот што лозарите немаат добиено пари за грозјето и по три години зборува дека тие се украдени со дозвола на власта. Штом таа не ја зема лиценцата исто како да вели, повелете украдете ги нашите лозари. “ рече денеска во Кавадарци претседателот на советот за земјоделство во СДСМ, Ленче Николовска. Таа се сретна со лозарите кои неколку дена пред банка чекаат да добијат пари за лани откупеното грозје.
Николовска потенцира дека истите проблеми со неисплатеното грозје биле актуелни пет години и пред избори власта ги убедувала лозарите дека ќе добијат пари за грозјето.
„Лозарите треба да знат дека една сериозна држава се грижи за своите земјоделски производители, односно ако се препуштени на уцените и неплаќањето од откупувачите таа е тука за да ги заштити“ рече Николовска
И кандидатот за пратеник на СДСМ од Кавадарци, Бетиане Китев ја обвини актуелната власт дека манипулирала со најранливата категорија во тиквешијата, лозарите. .
„Сведоци сме на една ситуација во која лозарите се повторно имамени, уште повеќе заради тоа што власта на нив се сеќава само на избори. Едноставно сакат да го купат нивниот глас, да им ја купат душата со лажните ветувања кои доаѓат директно од владата на Република Македонија. Порака до власта, да престане со манипулациите и луѓето да си ги добијат парите бидејќи тие тоа го заслужуваат. Уште повеќе бидејќи вкупната економија на Кавадарци во многу зависи дали парите лозарите ќе ги добијат што побрзо. “ рече Китев и ги повика лозарите во недела да гласале за промена на актуелната власт, а со тоа, како што потенцира и за подобрување на работите во нивната дејност./А.Д