ВМРО ДМНЕ уште еднаш ја побара поддршката за Иванов и пратеничката листа

Објавено на 25 април, 2014 во 12:17

ВМРО ДПМНЕ уште еднаш ја побара поддршката од велешани за претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов и кандидатската листа со број 5. Апел до граѓаниоте упати и кандидатот за пратеник Илија Димовски. Тој повика на сплотеност и поддршка за изброната програма.

„Велес како никогаш досега даде огромна поддршка на една политичка партија. Ова е предизвик за сите нас. Треба да се обединиме зад нашиот претседателски кандидат и да не дозволиме никакви сценарија, и задкулисни игри, рече Илија Димовски, кандидат за пратеник.

Според Димовски оваа влада ја препозна поддршката од граѓаните на Велес кој со години бил заборавен град од централната власт. Сега состојбата се сменила преку реализација на повеќе проекти и вложени многу пари. Токму за тоа вели Димовски, со централен митин завршија и двата изборни циклуси во Велес.

„Со огромен број реализирани проекти во општината како и со финансиска поддршка на Владата во овој град, ВМРО ДПМНЕ на чело со Никола Груевски цврсто стојат во овој град, рече Илија Димовски. ВМРО ДПМНЕ очекува убедлива победа на претстојните претседателски и парламентарни избори во недела. Очекуваат дури 14 освоени мандати во третата изборна единица./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.