Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

VaneTrajkov

8.07.2020

Пишува Ване Трајков

Објавената информација со наслов ,, Дали ДИЗ функционира како партиска испостава на СДСМ: По директни усни наредби на активисти на СДСМ се казнуваат откупувачи !’’ обвинува за функционирањето на Државниот инспекторат за земјоделие и погрешно ја толкува интерната коресподенција во ова институција насочена кон планот и програмата за работа со тековна динамика. Паралелно се користат и низа констатации во обид да наметне мислење кај читателите, дека инспекторите работата по налог на Зоран Заев и СДСМ без да приложи соодветни докази, изјави или ставови, посебно од именуваните тројца инспектори. Инспекторите во делокругот на своите работни задолженија имаат и овластување да казнуваат.

Во информацијата се прави обид за анализа на кариерите и имотната состојба на тројца инспектори од Државниот земјоделски инспекторат.

„Спрегата Ненад Бошев, Мијалчо Ласков и Силвана Трбогазова, обелоденета со документи, инаку истата спрега здраво одработува за СДСМ во ова предизборие. Ова тројство по директен налог на Зоран Заев и Зоран Шапуриќ во ова предизборие со директно прекршување на низа закони има казнето неколку откупни пунктови во Струмица. За ова МВР и ЈО веќе имаат покренато постапки’’ наведува во информацијата авторот без да го аргументира пишаното во најмала рака од одговорните институции.

Во текстот, за да биде поуверливо напишаното, се нудат принт скринови од интерна комуникација во инспекторатот за координација на инспекторите за контроли на откупните пунктиви во април кога земјоделците реагираа за манипулации со откупните цени. Во првиот принт скрин- обичен мејл во кој се даваат насоки за контрола на откупните пунктови а во вториот принт скрин –дел од извештај дека на 16.04 по работен налог е извршена контрола.

Со вака објавената информација направен е обид да се ,,протне’’ во јавноста мислење дека инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство предизборно прават притисоци кај откупувачите. Освен тоа со изнесените констатации се обидува да ги дискредитира инспектори чија основна цел е да вршат контрола дали се почитуваат законите во одредена област.

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED – National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново