22 Меѓународен салон на стрип, оваа среда, во Јуроп Хаус Велес

Објавено: 18 август, 2025, во 15:45 часот

Со отворање на традиционалната изложба од стрипови, годинава и јубилејна, посветена на 15 години од издавањето на балканскиот стрип серијал “ ВЕКОВНИЦИ“ во среда, на 20 август, во Велес ќе се одржи 22 Меѓународен стрип салон . Промотор ќе биде нејзиниот иницијатор и автор, Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија којшто е голем пријател на стрип манифестацијата.

На културната манифестацја ќе бидат доделени награди ,дипломи и признанија од годинешниот распишан Стрип конкурс којшто на присутната публика ќе и бидат прикажани на поставена изложба.

22 Меѓународен салон на стрип ќе се одржи во просториите на Европска куќа Велес. Настанот ќе започне во 20:00 часот.

Поддржувачи на овој проект се Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, Општина Велес,Јуроп Хаус Велес и стрип заедницата од Македонија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.