Акциска контрола за брзо возење и тепачка во Кавадарци
Физичкиот напад го пријавил О.Г (37) од Кавадарци, на 5 мај, среда во ОВР Кавадарци. Тој објаснил дека на 25 април, околу 17:00 часот на местото „Голеш“ бил физички нападнат од Д.Д. (67) и уште две лица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, на 5 мај, од 09:00 до 14:00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. За време на оваа акција биле регистрирани 40 прекршоци од кои 12 во Велес, девет во Кавадарци и 19 во Неготино.
Во текот на изминатото деноноќие за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, евидентирани се 31 граѓанин. Од нив 11 во Велес, двајца во Кавадарци и 18 во Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, соопшти потпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
За непочитување на забраната за движење за време на полициски час кој трае од 23:00 до 05:00 часот, нема регистрирано ниту еден граѓанин од страна на полициските службеници.
Стефани Манева