Акумулацијата „Лисиче“- полна, годинава, пред летниот период мораше да се испушта вода
Најмалку четири пати во изминатиот дождлив период од браната на хидро систем „Лисиче“ се испушташе вода со цел да не дојде до прелевање преку неа. Годинава количеството на вода е многу повисоко во споредба со минатите години. Вработените во истоименото јавно претпријатие успеаа без проблеми да испуштаат вода од акумулацијата преку четирите отвори и по потреба да го вклучуваат и петтиот без да предизвикаат излевање на река Тополка на околните ниви под браната.
-Колку за илустрација последниве дождови кога количината на вода беше големо успеавме да ја одржиме заштита на максимално потребното ниво. Не прелеа акумулацијата, односно и понатаму бевме мобилизирани да не дозволиме или обезбедиме заштита низводно од заштитниот профил на браната „Лисиче“ од поплави. Испуштавме количини на вода коишто не го загрозуваа водотекот на река Тополка. Истовремено собиравме и поголеми количини на вода без тие да прелеат. Сега веќе ситуацијата е под контрола. Во моментов располагаме со нешто помалку од 23 милиони кубици вода и имаме празен акумулативен простор од 1.180.000 метри кубни. Тоа значи дека ќе може да се собере водата доколку во најавениот викенд период наврнат обилни дождови, што значи дека ќе може да ги аморитизираме и ќе спремичме акумулацијата да не биде во состојба на прелив, рече Блажо Бонев одговорен за одржување на водостојот на брана „Лисице“.
Капацитетот на акумулацијата „Лисиче“ изнесува 24.180.000 метри кубни вода. Тоа значи дека во неа можат без проблеми да се влеат уште 1.250.000 метри кубни вода. Исто така, празниот простор овозможува полнење и во исто време чување на количините на вода за потребите на градот Велес во текот на летните горештини. Конкретно, Велес нема да има проблеми со водоснабдувањето.
Вработените во јавното претпријатие сметаат и дека доколку периодот што следи биде дождлив, според прогнозите на хидрометеоролозите коишто се однесуваат на летните месеци, тогаш без проблеми преку два од вкупно петте испусни отвори ќе може да се прелие вода во река Тополка, без да се случи поплавување на обработливите земјоделски површини околу село Лисиче.
-Годинава беше таква што во два наврати го активиравме и конусниот вентил на со зафатнина F-900 и на тој начин успеавме да ја одржиме сутиацијата без да испуштаме енормни количини на вода. Тоа се количини на вода што нормално протекуваат низ цевководите и без да предизвикаат последици по речното корито на Тополка како и мостот кај Чашка, додаде Бонев.
Секоја година од 31 мај до 15 јуни се смета за период во којшто поради зголемена потрошувачка на вода започнува по интензивно намалување на нивото на количината во акумулацијата . Годинава за прв пат не е така велат од хидро систем „Лисиче“ што значи дека и во долгото топло лето таа рационално ќе се користи и за пиење и за наводнување.
Убавка Јаневска