Архитекти и експерти од три земји на меѓународна работилница во куќата на Касапови

Во куќата на Касапови денеска се одржа меѓународна работилница којашто е дел од проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра“ во којшто учествуваа претставници на општини од Македонија, од Албанија и од Франција. Станува збор за меѓународен проект во кој вклучените осум македонски, пет француски и две албански општини ги слушнаа искуствата на француските експерти, разменија мислење и ставови, за оваа многу чуствителна област како дел од заштитата архитектонското наследство. Архитектите од општините и експертите исто така работеа и на терен на темите попис на културното наследство и сигналитика.

На отварањето на меѓунардоната работичница Софи Метадие, пратеник во францускиот парламент и заменик претседател на Асоцијацијата на извонредни места и градови, меѓудругото оцени дека овој проект се реализира посветено во соработка со голем број на чинители од доменот на заштитата на културното наследство, преку асоцијација којашто долги години ја водеше градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, што сега е дел од француската асоцијација.
-Во рамките на овој проект беше направен своевиден инвентар на сите стари чаршии, беше поставена нова сигналитика, се организираа голем број на изложби, на публикации, вклучително и на оваа куќа во којашто сме денес но и други места кој ние имавме можност да ги посетиме утринава. Би сакала да заршам со една мисла посветена на куќата на Касапови, искрено се надевам дека работата во овие два дена нема да биде работа што лебди туку работа што цврство ќе опстојува како што опстојува и карпата на којашто стои оваа куќа, додаде Метадие.

На меѓународната работилница присуствуваа градоначалникот Коцевски и Н.Е Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Република Франција во Република Северна Македонија. Тој изрази задоволство од соработката на француската национална асоцијација на извонредни места и градови со партнерите во Македонија и во Албанија и најави нови заложби за размена на знаења и вештини.


Работилницата во Велес како и престојот на француските експерти во државата ги организираше Марилиз Ортиз, Директор на Асоцијацијата на извонредни места и градови. Меѓу француските експерти беше и Жаки Кришон, експерт за урбанизам на културното наследство.
Стефани Манева
