Авионско трeтирање против комарци, в сабота на 26 јуни, во Велес
Второто авионско третирање против комарци ќе го реализира на ден 26 јуни,сабота, 2021 година, во периодот од 05:00 до 08:00 часот.
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Третманот ќе се врши со средство „Ciceron 2.0 ulv“, производ од Biogenesis, фирма од Белград, Република Србија, кој се разредува со растително масло. Општината ги известува граѓаните, да ги покријат автомобилите или да ги измијат после спроведувањето на третирањето.
Исто така, Општина Велес, ги известува и пчеларите во времето на третирањето и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Доколку временските услови не дозволуваат, авионско прскање, ќе се помести за наредниот ден, 27 јуни (недела) 2021 година.
Убавка Јаневска