Автомобил „Пасат“ удрил пешак на пешачки премин во Велес, 63 годишен велешанец е тешко повреден
Сообраќајната незгода се случила денеска, околу 11:11 часот, на одбележан пешачки премин, на улица ,,Наум Наумовски-Борче” во Велес. Таму патничкото возило ,,пасат” со велешки регистарски ознаки управувано од Н.Д.(28) од Велес удрило во пешакот Ѓ.П. (63) од Велес. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болницата во Велес, соопшти СВР Велес.
-Пациентот Ѓ.П, 63 години, од Велес примен е во Ургентна единица на Општа болница Велес. По извршени прегледи од специјалисти, хирург и ортопед, испратен на радиодијагностика. Резултатите покажаа дека станува збор за здобиена тешка повреда на десно колено. Пациентот задржан е за понатамошен третман на Оддел за ортопедија и трауматологија во болницата каде што ќе биде подложен на понатамошна интервенција и лекување, рече портпаролката Марина Андова.
Според СВР Велес по овластување на Јавен обвинител увид на местото на несреќата извршила велешка увидна екипа.
Убавка Јаневска