Автомобил „сеат ибица“ полесно повреди петмина пешаци пред пивница „Паб“
Четириесет минути по полноќ, aвтомобил марка „сеат ибица“, влета на тротоарот пред пивницата „Паб“ и повреди петмина пешаци. Автомобилот го управувал Б.Д. (27) од Велес. Повредените пешаци Ж.К.(26), С.Ч.(42), М.З.(45), Д.Д.(47) и А.З.(47) биле пренесени на Хирушко одделение во Општа болница Велес каде им била укажана лекарска помош.
– Пациентите биле прифатени од дежурни лекари и медицинскиот персонал на хирушко одделение, прегледани и констатирано е дека сите се здобиле со полесни телесни повреди воглавно нагмечувања на долни екстремитети. Сите петмина пациенти по медицинскиот третман се пуштени на домашно лекување, рече портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Елена Левкова Ќулумова.
Пред да ги повреди пешаците возилото „сеат ибица“ удрило во масите и столиците поставени пред угостителскиот објект.
Според СВР Велес, сообраќајната незгода се случила на главната улица „Благој Ѓорев“ по што бил извршен увид од полициска екипа.
Убавка Јаневска