Автомобил удрил 80 годишна старица во Велес

Објавено на 22 декември, 2024 во 14:18

Во Сектор за внатрешни работи Велес било пријавено дека вчера, околу 09:40 часот, на улица „11-ти Октомври“ во Велес, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Н.(30) од Велес, удрило во 80-годишната К.К. од Велес.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.К., констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.