Bез вода денеска три улици во Велес
Објавено на 31 јануари, 2022 во 09:56
Јавно комунално претпријатие „Дервен“ информира дека поради неопходни работни активности на водоводна линија прекин на водоснабдувањето ќе има на три велешки улици. Прекин на водоснабдувањето ќе има од 10:00 часот на улица Костурска, улица Мирка Гинева и Пајак Планина .
Се очекува во текот на денот да завршат работите по што повторно ќе се воспостави водоснабдувањето и граѓаните ќе добијат вода во своите домови.
Стефани Манева