Бране Паласков нов началник на СВР Велес
Началник на Сектор за внатрешни работи Велес од денеска, 3 јули, официјално е Бране Паласков кој оваа функција ја вршеше и за време на техничката влада пред последните избори. Тој на оваа позиција е назначен со решение на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Паласков ќе раководи со целото подрачје на СВР Велес, поточно општините Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Градско и Чашка.
Новиот началник е дипломиран економист, и во својата 10-годишна кариера како полициски службеник има работено како помлад инспектор во отсек за општ криминал во СВР Велес, Виш инспектор во отсек на општ криминал во СВР Велес, Виш инспектор во надворешна канцеларија за криминaлистички работи во Свети Николе, како и Виш инспектор – главен дежурен во центар за известување и командување при СВР Велес.
Паласков е оженет и е татко на три малолетни деца.
Стефани Манева