Уапсен велешанец кој физички ја нападнал својата сестра
Објавено на 13 јануари, 2022 во 11:08
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници го лишеле од слобода дваесет и четири годишниот Б.С од Велес, бидејќи ден претходно, 11 јануари, физички ја нападнал неговата деветнаесет годишна сестра.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.