Брат обљубил малолетна сестра во кавадаречко

Објавено на 23 декември, 2021 во 12:22

Осумнаесет годишниот В.Ѓ ја извршил обљубата на својата сестра во кавадаречко село, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Настанот е пријавен вчера во ОВР Кавадарци а денеска против В.Ѓ е поднесена кривична пријава што Основното јавно обвинителство Кавадарци ја прифатило. Обвинителството издало наредба за вештачење и за обљубителот и за обљубената со цел да се утврди дали нивните искази дадени во полициска станица Кавадарци се вистинити. Вештите лица треба да утврдат што точно се случило помеѓу братот и сестрата со оглед на намалениот интелектуален капацитет на обајцата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.