Брат тепал сестра, полицијата го привела

Објавено на 29 ноември, 2024 во 12:36
Фото: Архива на Дума.мк

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишиле од слобода К.Ј.(18) од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата малолетна сестра и ѝ се заканувал. Лишувањето од слобода се случило вчера попладне во 16:20 часот.

Лицето К.Ј било задржано во Полициска станица, известен бил јавен обвинител, Центарот за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.