Повторно инцидент во Ореше, натепан жител од Ѓоре Петревски, обвинетиот за платеното убиство!

Објавено на 13 февруари, 2014 во 17:12

Инцидент во кој е вмешан и обвинетиот за платеното убиство во велешкото село Ореше се случил доцна попладнево, тврди жртвата во тепачката. Гоце Пеовски кој е близок роднина на Вељо Арсовски, зетот на убиениот, вели дека бил претепан и тоа од Ѓоре Петревски и уште двајца луѓе од кои едниот го познава, а другиот не. Раскажува дека крвнички го тепале во дворот на неговата куќа и тоа пред очите на неговата малолетна ќерка.

„Дојде Ѓоре Петровски со непознато лице и Ѓурчиновски Васе и ми вели,кај си бе другар од кога не сум те видел. Му подадов рака да се поздравам, а тој ме собори и тројцата наеднаш ме нападнаа. Ме влечеа по дворот петнаесет метри и тоа се со тепање. По ова Васе Ѓурчиновски влезе во неговата кола и избегаа. Сега имам модрици по целото тело“, рече Гоце Пеовски.

Пеовски случајот веднаш го пријавил во полиција од каде велат дека нивни екипи веќе се упатиле кон планинското село. Адвокатот на Петревски пак вели дека не е запознаен со случајот, а ниту тој нема контакт со него бидејќи Ѓоре не поседува телефон. Според Пеовски причина за нападот е нетрпеливост, вели дека не е првпат да има притисоци од истите луѓе, а полицијата ништо не презема.

„ Овие напади ми ги прават поради Вељо Арсовски, бидејќи тие си имаат некакви пресметки за убиството, а Вељо мене ми е блиска рода, убиениот не ми е. Човекот доаѓа кај мене како рода, а комшијава Васе се пренесува на Ѓоре и за тоа ме напаѓаат ни крив ни должен поради некое убиство со кое немам никаква врска. Ништо не ми кажаа зошто ме напднаа. А полицијата до сега не реагира бидејќи командирот Светле е близок роднина и со Ѓурчиновски Васе и со Ѓоре Петровски“, вели Пеовски.

Инаку се почести се инцидентите во селото кое во јавноста стана познато преку првиот случај на платено убиство во земјава. Жителите коментираат дека најчесто актери во нив се дел од учесниците во случајот со платеното убиство а полициска потврда нема. Инаку вчера по четврти пат започна судскиот процес кој ќе треба да ја реши мистеријата кој нарача а кој го уби Лазо Милошевски./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.