ОЈО Велес спроведе увид по тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Градско, 11 годишно дете во критична состојба

Објавено на 14 јули, 2025 во 13:19

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес вчера попладне изврши увид на лице место на експресниот пат Прилеп – Градско, каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која тројца лица се повредени.

Несреќата се случила кога патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски ознаки, при движење во остра лева кривина, изгубило контрола и излетало од коловозот. Автомобилот минал преку веќе оштетен дел од заштитната ограда и паднал околу 40 метри во населено место под патот.

Во незгодата тешко е повреден возачот на возилото, како и 11-годишно дете кое се наоѓа во критична состојба. Двајцата се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје поради сериозноста на повредите. Третиот сопатник во возилото се здобил со полесни повреди и добил лекарска помош во Општата болница во Велес.

Јавниот обвинител издаде наредба за вршење технички преглед на возилото и за проверка на присуство на алкохол кај возачот. Од местото на настанот се подигнати биолошки и други траги заради натамошно постапување.

Во Сектор за внатрешни работи Велес сообраќајната незгода била пријавена во 13:30 часот дека на на експресниот пат Дреново-Градско, пред приклучокот за автопатот А1, Градско-Велес, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(27) од Скопје, излетало од
коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Куманово, додека со повреди се здобиле возачот и другиот сопатник М.Р.(18) од Куманово, констатирани во Општата болница во Велес, соопштија од СВР Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.