Извидниците на државен натпревар во Голозинци

Објавено на 17 октомври, 2014 во 11:32

Сто извидници од одреди во Македонија ќе бидат учесници на државниот извиднички орјентационен натпревар што денеска почнува во Голозинци. Тие ќе се натпреваруваат во две категории поточно на помлади извидници и извидници. Станува збор за две натпреварувања РИОН, републички извиднички натпревар и РАПИ, републичка акција за помлади извидници.

Извидниците ќе се натпреваруваат во обострана топографија и орјектација во непознат терен додека помладите извидници во елементарни игри, полигонски натпревари, минимални основи на орјентација, игри за орјентирање на простор и во прва помош и сигнализација.

„Со организацијата на државниот натпевар како најстар извиднички одред во државата докажуваме дека имаме организациски и кадровски капацитет. Организатор на натпреварот е Сојузот на Извидници на Македонија а домакин одредот „Димитар Влахов“, рече старешината на натпреварот Ангелче Гушев.

Натпреварот го помогнаа бизнис заедницата и општините Велес и Чашка. Со него во исто време се промовира извидничкото движење кое од младите луѓе создава корисни граѓани во заедницата а тоа се постигнува преку основните принципи на скаутизмот или работа низ игра, обврска кон себе и кон другите.

„Компјутерите ги направија младите робови на технологијата. Ние сакаме да ги поттикнеме да излезат надвор од домот, да живеат и да се движат во природа,“ рече Гушев.

И покрај условите со кои располага извидничкиот дом во Голозинци, со капацитет од 100 легла, дел од извидниците учесници на натпреварот ќе ги постават шаторите и викендов ќе престојуваат во нив./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.