Жител на општина Чашка нападна полициски службеници

Објавено на 8 декември, 2014 во 13:38

Педесет и пет годишниот В.Б. вчеравечер ги нападнал полициските службеници кои влегле во угостителскиот објект „Дац“ во Чашка. Полицајците дошле да интервенираат по пријава за нарушување на јавниот ред и мир во објектот од страна на В.Б. кој видно бил под дејство на алкохол.

Тој најпрво го нападнал едниот службеник со тоа што го удрил во пределот на градите, додека другиот полицаец го каснал со забите на левата рака. Педесет и пет годишниот маж веднаш бил приведен во полициската станица но и таму физички се пресметал со службениците. Со глава во пределот на граниот кош удри еден од нив. По целосно документирање и расветлување на случајот од полицијата најавија и соодветна пријава против насилникот./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.