Во центарот во Голозинци, викендов, се одржаа средбите на Извидници „Велес 2019“
Сто и педесет извидници, од Македонија и соседна Република Србија, изминатиов викенд учествуваа во извидничкиот центар во село Голозинци на 34-те Средби на извидници „Велес 2019“ со кои Извидничкиот одред “Димитар Влахов” одбележа 67 години постоење на одредот и 70 години извидништво. Средбите имаа меѓународен и натпреварувачки карактер од областите ориентацијата и топографија, сигнализација и игра како метод на работа во традиционалниот скаутизам.
Патролата Архитект на ИО “Скаут“ од Куманово го освои првото место, Копачи + Стефан на ИПО “Јадран “ од Скопје второто и Орион на ИО “Краљ Петар I “ од Ниш третото место во категоријата Истражувачи/Ровери додека патролата Ние четворица на ИО “Армонија“ од Виница беше прва, патролата “Неаме име“ на ИПО “Јадран“ од Скопје го освои второто и на трето место се пласираше патролата Загубените на ИО “Еквинокс“ од Штип во натпреварувањето во категоријата Извидници.
– Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ како организиатор на 34те Средби на извидници сака да изрази голема благодарност до нашиот братски одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш за нивната пожртвуваност и професионален пристап кон натпреварувачкиот дел на средбите, со што нивната патрола МИЈА 21 беше најдобра и со надобро изработени и оценети материјали во целокупниот пласман на средбите, но поради старосна граница на дел од членовите на патрола МИЈА 21 мораше да биде вон конкуренција, рече Ангелче Гушев старешина на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“.
Велешките Извидници, во изминатите 44 години организираа вкупно триесет и четири Средби од кои последните деветнесет од меѓународен карактер. На последните учествуваа извидници од одредите “Браќа Миладиновци“, ИПО “Јадран“, ИПО “Галеб“ и ИПО “Сидро“ од Скопје, „ПСИО“ од Куманово, “Скаут“ од Прилеп, “Феникс“, од Штип “Еквинокс“и “Молика“ од Битола, “Ластовица од Кочани , “НН-Борче“ од Крива Паланка и “Армонија“ од Виница како и гостите од Република Србија, од Ниш, одредите „Мија Станимировиќ“ и “Краљ Петар “. /У.Ј