Ловџии фатени со плен и оружје кои ги поседувале без дозвола!

Објавено на 12 ноември, 2013 во 10:16

Двајца имале пушки за кои немале дозвола, а кај еден ловџија е пронајдено месо од дива свиња иако немал дозвола за лов.

Ова е резултатот од акцијата која викендов ја спровела влешката полиција на теренот Долги Рид – Голозинци како и во атарот на селата Теово-Оравдол-Мокрени-Габровник.

Полицијата легитимирала 26 луѓе, а претресла повеќе од 300 возила.

Само кај С.Т. (40) од Велес пронашла три килограми месо од дива свиња и му ги одзела, додека од Р.П. (52) од Велес одземена е полуавтоматска пушка, а од Б.С. (58) од село Оморани одземена е ловна пушка, бидејќи и двајцата сториле прекршок по законот за оружје.

Од СВР Велес најавуваат дека и понатаму ќе продолжат со редовни контроли на ловните терени./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.