Цековски најхуман велешанец а најдобри пожарникарот Пачуков, полицаецот Деловски и комуналниот работник Костовски за 2024 година во Општина Велес (фото и видео)

Објавено на 26 декември, 2024 во 14:26

Хуманистот на годината, Никола Цековски е еден од најистакнатите и најревносните крводарители во општината веќе цели 42 години во кои дарувал вкупно 129 пати крв.

Најуспешнот  полицаец, поточно, Трајче Деловски во МВР е вработен во 2017 година како дежурен полицаец, но извршувал и работни задачи во Оддел за недозволена трговија со дрога и оружје додека наградата ја заслужи за покажан  професионализам и одговорност во извршување на задачите во службата.

Пожарникарот Борче Пачуков вработен е во Територијалната противпожарна единица Велес во која се истакнува со професионално и посветено учество во сите активности и акции за безбедност на граѓаните.

Најуспешниот комунален работник Пане Костовски е работник во ЈКП „Дервен“ на работни задачи ракувач на разни видови на машини додека при извршување на работните задачи се одликува со висок степен на одговорност со скромност и со позитивен однос со колегите.

Заменик градоначалникот Коста Нојков им ги врачи наградите посакувајќи им нови успеси и здравје во 2025 година. Нојков, во свое, во име на градоначалникот Марко Колев и Совет на Општина Велес упати честитка за Среќна Нова година и до сите граѓани на општината.

На денешната Новогодишна свеченост, Општина Велес им ги додели стипендиите на најталентираните ученици и студенти за учебната 2024/2025 година. Стипендии добија 31 средношколци и 5 студенти.  И годинава донатори на стипендии се Агриа, агроиндустриска групација Велес, Жито Маркети Велес и Општина Велес.

Општината Велес ги додели и јубилејните награди за 10 и 25 години континуирано работење на административните работници во локалната самоуправа. Добитници се Македонка Виларова и Димче Јованов за една деценија како и Јовче Митковски за 25 години континуирана работа во јавната локална администрација поточно општината.

Свеченоста ја збогати мини концертот на  Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ под диригентската палка на Веселинка Маџарова.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License