Центар за јавно здравје Велес започнува да работи нови анализи (ВИДЕО)
Освен анализи за испитување на антитела за Ковид-19, од понеделник, 5 септември, Центар за јавно здравје Велес ќе започне да работи уште три нови гинеколошки, две анализи поврзани со заболувањето Хепатит Б и Ц како и по една анализа за ХИВ и за Хеликобактерија, за испитување на серумски антитела.
Граѓаните не ќе мораат да одат на скопските клиники или во приватните болници. Анализите ќе се прават со упат од матичен или лекар специјалист само со партиципација затоа што се на листата на Фондот за здравство. За нив ќе се плаќа само партиципација. Според специјалистот по микробиологија ,д-р Анастасија Иванова, особено значајни за трудниците се резултатите на три анализи во почетокот на бременоста.
Со истата медицинска апаратура Центар за јавно здравје Велес ќе работи и анализи за инфективни заболувања.
Бидејќи овие инфективни заболувања се лесно преносливи многу е значајно да се следи и здравствената состојба на медицинските работници коишто секојдневно работат, земаат крв за испитување и имаат контакти со заболени пациенти. И тоа што е ново е серумската анализа на Хеликобактерија.
Сите резултати на анализите граѓаните ќе ги добиваат за само неколку часа, во истиот ден, со што се овозможува предност во брза дијагностика и подигнувањето на квалитетот на здравствените услуги за пациентите. Инаку во оваа јавна здравствена институција граѓаните ја користат можноста да испитуваат присуство на ИГМ и ИГГ што значи присуство на антитела во крвта по прележан Ковид или примена вакцина. Тој тест чини 800 денари.
Убавка Јаневска