ЦЈЗ: „Пијте вода само од градски водовод, не и од велешките природни чешми“

Објавено на 14 август, 2023 во 10:36

„Дистрибуираната вода од градскиот водовод во Велес ги задоволува законските нормативи за безбедност на водата за пиење,“ гласи одговорот на Центар за јавно здравје на новинарското прашање на Дума.мк какви се резултатите од бактериолошкиот и од испитувањата на физичко – хемискиот состав на водата којашто летово ја пијат велешани.

Според јавна здравствена институција не е иста состојбата со квалитетот на водата за пиење од природните чешми.

„Природните чешми во градот се епидемиолошки несигурни, со непостојан квалитет, со висок процент на бактериолошка и физичко хемиска неисправност. Кај бактериолошки неисправните води изолирани се бактерии, индикатори на фекално загадување, најчесто Есшерихија коли и Колиформни бактерии, предизвикувачи на цревни заразни заболувања.“

Според Прим. др Снежана Петрова, специјалист по хигиена, нa секоја од овие природни чешми поставени се предупредувања дека водата не е безбедна за употреба. Тоа значи дека граѓаните не треба да ја употребуваат за пиење или за подготвување храна.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.