Во демиркаписко пронајден човечки труп во распаѓање!
Објавено: 18 јануари, 2013, во 14:23 часот
Лешот, вчера, случајно го открил граѓанин во близина на село Барово, демиркаписко.
Тој го пријавил во полициската станица Неготино.
Полицијата направила увид на лице место, а по наредба на Истражен судија телото е предадено на обдукција. Според информации на полициската станица во Неготин се работи на утврдување на идентитетот на лицето како и на целосно расчистување на случајот.

