На винскиот туризам во Тиквешијата му треба подобра реклама!
Македонското вино е стара приказна со долга традиција во која учествуваат бројни ликови, рецепти, вкусови и мириси кои со години се предаваат од колено на колено или како што би рекле старите тиквешани приказна без почеток и крај.
Оние кои ја посетиле Македонија и тиквешкото виногорје се сеќаваат на вкусот на виното и убавината на пејсажите. Туристите доаѓаат најчесто како годти на турите на Винските патишта, кои Фондацијата „Тиквешки вински пат“ пред седум години почна да ги развива.
Тиквешијата е единствениот регион кај нас ,каде е развиен винскиот туризам со најголем број на винарии, едуцирани и лиценцирани туристички водичи, едуцирани кадри кои работат во винарниците и угостителските субјекти, промотивен материјал и веќе препознатливи манифестации и случувања. Целта на фондацијата е во винските патишта да се ангажира и локалното население.
-„Има семејства кои изработуваат сувенири, има домашни производители на вино и ракија, на слатко од грозје и традиционално подготвениот маџун, многу ресторани, мотели и кафеани во македонски стил. Сите тие треба да си го најдат место во овој проект,“смета извршниот директор на Фондацијата, Виолета Јанкова.
Во моментов околу десет илјади хектари лозови насади се одгледуваат во Тиквешкото виногорје. Непрегледни површини, зелени во пролет и златни во есен. кои мамат воздишка кај сепак не само грозјето или виното не го трасираат винскиот пат, значајно место заземаат и културата,обичаите,познатата гостопримлива насмевка на тиквешани.
Последните информации покажуваат дека последниве 5 години за десет пати е зголемен бројот на туристи во Тиквешијата. Лани дошле 15 000 љубители на вино и традиционална храна. Со поинтензивна промоција и кампања очекувањата се дека 2013 година ќе биде токму година на винскиот туризам во Тиквешијата./Б.Н.Т