Директорката на ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка, пријавила напад од жител на населбата во полиција
Во Полициската станица во Велес, вчера, 13 декември во 13.30 часот, в.д директорката на ООУ „Тодор Јанев“ во населба Чашка, Елена Николова (53) од Велес, пријавила дека утрото пред влезот на училиштето каде се одржувал јавен собир на група на граѓани, била физички нападната од едно лице.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Инаку, скоро еден месец, родители на ученици ја бојкотираат наставата во училиштето и поддржани од жители на населба Чашка секое утро протестираат пред влезната врата на зградата на училиштето. Исто толку време, полициски службеници на СВР Велес секојдневно го обезбедуваат училиштето.
Инцидентот за кои Николова пријавила во полициска станица се случил според неа вчера утро при обид да влезе во училиштето.
Стефани Манева