Директорот на БЈБ Јанев во Велес: Зајакната акција за поголема сообраќајна и јавна безбедност

Објавено на 19 јуни, 2025 во 10:18

Во Секторот за внатрешни работи Велес се одржаа работни состаноци на директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, со раководството на СВР Велес и претставници од институции поврзани со безбедноста во сообраќајот. Средбите беа насочени кон унапредување на општата и сообраќајната безбедност во регионот и државата, со акцент на актуелната состојба на патиштата и зачестените сообраќајни незгоди.

Јанев оцени дека ситуацијата бара итни мерки и поголема мобилност на терен, особено во летниот период кога значително расте бројот на мотоциклисти. Најавено е засилено присуство на полициските мотоцикли на улиците, како и користење на најсовремени уреди и алатки на Интерпол за идентификација на возила под меѓународна потрага.

-Почитувањето на сообраќајните правила мора да стане дел од нашата култура. Тоа е клучен предуслов за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, истакна Јанев.

Во рамки на посетата, Јанев се сретна и со градоначалникот на Велес, Марко Колев. На средбата се договорија за координирани активности меѓу локалната самоуправа и државните институции во насока на превенција, унапредување на сообраќајната и општинската инфраструктура и зголемување на јавната безбедност.

Темите опфатија и пошироки безбедносни прашања, вклучувајќи ја борбата против криминалот, насилството меѓу младите и улогата на полицијата во заедницата.

Работните состаноци се дел од национална стратегија за зголемување на безбедноста на сите граѓани и зајакнување на присуството на полицијата како активен и постојан заштитник на јавниот ред и мир.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.