Два часа повеќе за вадење лични документи во Отсекот за управни работи Велес

Објавено на 18 февруари, 2025 во 12:41

Наместо во осум во 10 часовно дневно работно време, од понеделник до петок, граѓаните ќе поднесуваат и ќе можат да добиваат лични документи во Отсекот за управни работи Велес. Станува збор за личните документи како што се пасош, лична карта и возачка дозвола. Работното време на вработените ќе започнува во 08:00 часот и ќе завршува во 18:00 часот. Услигите на овој Отсек ги користат и граѓаните на општините Чашка и Градско,

Со иста, 1о часовна работна саатница се и вработените во овој отсек на Министерство за внатрешни работи во Кавадарци каде лични документи добиваат граѓаните на Росоман и Демир Капија.

Отсекот за Управни работи во Неготино и во Свети Николе,каде лични документи вадат и граѓаните на Лозово, остануваат со непроменето работно време, од 08:00 часот до 16:00 часот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека новата работна саатница ја воведува од денеска 18 февруари.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.