Два пожари во Кавадарци и еден во Градско

Објавено на 12 јануари, 2022 во 13:50

Првиот пожар настанал во поткровје на куќа во село Возарци, кавадаречко, во сопственост на седумдесет и едно годишниот П.А, бил изгласнат и нема повредени лица. Пожарот избувнал во понеделникот, 10 јануари, околу 14:00 часот. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека на местото на настанот бил извршен увид.

Осум часа подоцна, во Општина Градско настанал пожар во напуштена куќа во близина на зградата на железничката станица.

-Со интервенција на припадниците на Територијалната противпожарна единица од Велес пожарот е изгаснат, соопшти портаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Третиот пожар настанал вчера, околу 08:00 часот во помошен објект до куќата на педесет и пет годишниот Н.Д во село Возарци, кавадаречко. Пожарот бил набрзо изгаснат и бил извршен увид на местото.

Стефани Манева         

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.