Дваесет и четири годишен маж пронајден мртов во куќа во село Марена
Објавено на 21 јануари, 2025 во 11:52
Во Одделение за внатрешни работи во Кавадарци, вчера вечер, околу 19:05 часот било пријавено дека бил пронајден починат Д.Н (24) во када во купатило, во куќа во која престојувал во село Марена, кавадаречко. Починатиот бил роден во село Бегниште.
Лекар од Општа болница во Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство. Увид на лице место извршила увидна екипа на Одделение за внатрешни работи Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.
Стефани Манева