Дваесет и осум годишен светиниколец допирал малолетничка и се обидел да обљуби 18 годишна девојка од истото село
Објавено на 19 февруари, 2025 во 18:13

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Свети Николе, вчера, го лишиле од слобода Д.К.(28) од светиниколско село под сомнение дека утрото во домот на малолетничка ја допирал по телото и се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка од истото село.
„За настанот бил запознаен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти полицијата.
Дума.мк
