Двајца кавадарчани извршиле кражба во хала за производство на контејнери
Објавено на 8 март, 2022 во 10:39
Дваесет и пет годишниот А.О и четири години помладиот А.М од Кавадарци, вчера, во 11:30 часот, биле лишени од слобода, на улица Северен Булевар во Кавадарци од страна на полициски службеници од полициска станица Кавадарци.
-Истите се сомничат дека на ден 23.02.20222 година извршиле тешка кражба во хала за производство на контејнери лоцирана во кругот на МИК-Кавадарци, соопшти Ристе Самарџиев, портпаролот на СВР Велес.
А.О и А.М се приведени во поливиска станица и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Стефани Манева