Двајца кавадарчани лишени од слобода
Објавено на 23 март, 2022 во 12:34
Полициски службеници од ОВР Кавадарци во текот на вчерашниот ден ги лишеле од слобода четириесет и две годишниот Р.С и една година постариот Е.Б, двајцата од Кавадарци.
-Тие се сомничат дека од нива сопственост на Ѓ.К.(50) во село Сопот, одзеле повеќе предмети, кои подоцна се обиделе да ги продадат, пишува во дневниот билтен на МВР.
Оттаму информираат дека двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе им биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева