Двајца мажи од велешко агресивно се однесувале кон обезбедување во казино во Кавадарци
Објавено на 10 јули, 2024 во 12:58

Триесет и четири годишниот У.М од село Горно Јаболчиште и три години помладиот М.Х од село Бузалково, велешко, вчера, во 19:50 часот биле пријавени во Одделение за внатрешни работи Кавадарци од страна на вработени во казино во Кавадарци. Двајцата мажи го нарушиле јавниот ред и мир со агресинов однесување кон обезбедувањето во казиното.
Во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес пишува дека по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк
