Двајца пациенти од велешка болница транспортирани во „Жан Митрев“
Објавено на 15 ноември, 2021 во 12:37
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 51 ковид пациенти од кои потврдени позитивни се 32 , седум пациенти се сомнителни и дванаесет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекивање.
-На континуирана кислородна поддршка се 15 пациенти. Двајца паиенти се пренесени во Приватна болница „Жан Митрев“ во Скопје, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 20, на Интерно одделение 12 пациенти и во Модуларна болница 19 ковид пациенти.
Во текот на денот испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева