Две каснувања од куче вчера попладне во Кавадарци
Објавено: 29 декември, 2021, во 12:50 часот
Во временски период од еден час, вчера, во Кавадарци се случиле две каснувања од бездомни кучиња.
Првото се случило на улица: „Илинденска“ околу 16.30 часот кога Л.С. (62) од Кавадарци пријавил во Полициска станица во Кавадарци.
По еден час второто каснување од бездомно куче го пријавил кавадарчанецот И.Ц. (69) коешто се случило, исто така, на улица: „Илинденска“.
Убавка Јаневска


