Еден починат пациент и повторно се затвaра модуларната болница во Велес
Објавено: 3 декември, 2021, во 11:31 часот
Починатиот пациент е на 82 годишна возраст од Велес.
На болничко лекување во ЈЗУ Општа болница Велес се вкупно 28 пациенти од кои 16 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од денеска се затвaра модуларната болница, пациентите коишто се позитивни на Ковид-19 се трансферираат на Инфективно одделение додека пациентите коишто се негативни но им се продолжува болничкото лекување се на Интерно одделение, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 13 ковид пациенти.

Во изминатите 24 часа примени се четворица пациенти на болничко лекување и испишани се двајца пациенти.
Стефани Манева



