Единаесет поставени подземни контејнери во Велес, се апелира до граѓаните да не фрлаат шут во нив

Објавено на 17 август, 2021 во 13:19

Во центарот на градот поставен е уште еден подземен контејнер на влезот во населба Дворови, веднаш до горна рампа. На истото место беа поставени два отворени контејнери којшто постојано беа полни со отпад и покрај повеќекратното празнење од страна на комуналните работници.  

Подземните контејнери се употребуваат така што при фрлање на сметот се притиска ножна педала што ќе го крене поклопецот и ќе овозможи во подземна вреќа да се фрлат вреќите со домашен комунален отпад.

За време на зимскиот период неколку подземни контејнери беа запалени бидејќи граѓаните во нив фрлаа пепел од оган. Двата подземни контејнери поставени кај судот, во центарот на градот, во два наврати, летово, биле поправани бидејќи во нив имало фрлено градежен шут. Од јавното комунално претпријатие „Дервен“ апелираат граѓаните да ги користат контејнерите само за домашен комунален отпад.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.